28 септември 2023

Превентивна активност на ОВР Берово за побезбеден сообраќај

Денеска (28.09.) полициски службеници од Одделeнието за внатрешни работи Берово на улиците „Маршал Тито“, „23 ти Август“, „Задарска“ и „Партизанска“ во Берово ја реализираа превентивната активност од областа на безбедноста во сообраќајот, а фокусирана на задолжително користење на сигурносен појас при возење, како на возачите така и на нивните сопатници.

На возачите им беше укажано за последиците кои можат да настанат како последица од некористење на сигурносниот појас, со јасно нагласување дека секој возач на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси, како и лицата кои се превезуваат со тоа возило, се должни да бидат врзани со тие појаси на начин утврден од производителот на возилото, за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат. Исто така на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.