Денеска (28.09.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, при СВР Куманово, во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка со учениците од прво и второ одделение од ова основно училиште одржаа едукативна работилница насловена како „Сообраќаен буквар“.
Во рамките на ова предавање кое што практично беше четврто по ред, почнувајќи од почетокот на неделава, а согласно планот за реализација на работилницата, полициските службеници преку наменски подготвена презентација ги запознаваа децата со оние најосновни сообраќајни правила и прописи важни за нивната лична безбедност како учесници во сообраќајот – пешаци, но и за правилата што се важни кога возат велосипед или тротинет.
Исто така, на децата им беше објаснето какви се задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец, и неговата улога во сообраќајната безбедност на децата.