Денеска (26.09.) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во централното градско подрачје на Прилеп реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот, во рамки на кампањата „Паркирај совесно, паркирај одговорно“, а чија што цел примарно е насочена кон безбедноста на пешаците, децата, велосипедистите... Во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, полициските службеници укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи. Како во поглед на правилно и совесно паркирање на возилата на означените паркинг места и паркиралишта во градот, така и во поглед на безбедноста и на сообраќајните правила важни за пешаците. Полициските службеници на возачите им делеа едукативни летоци со информативна содржина изработено со поддршка од РСБСП.
Во Крушево, пак, полициски службеници од ОВР Крушево реализираа превентивна активност под мото „Вози одморен“ при што со возачите на моторни возила беше разговарано за важноста на одморот при управување на моторно возило, особено при долги патувања, и како заморот може да биде причина за предизвикување на сообраќајна незгода. При реализација на активноста беше поделен печатен материјал со едукативна содржина.
Исто така и на подрачјето на Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен во рамките на поголема безбедност во сообраќајот реализираа превентивна активност насочена кон поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, а беа опфатени и мотоциклистите, особено низ призмата на задолжително носење кацига при возење.