26 септември 2023

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од пожари

Одделението за превенција при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров денеска (26.09.) на подрачје на оваа полициска станица, односно во реоните на селата Орман и Никиштани, спроведоа низа превентивни активности во рамки на кампањата за заштита на шумите од пожари.

Во рамки на активностите, полициските службеници на повеќе локации имаа средби со локалното население од овие села, при што им укажуваа на жителите околу важноста од внимателно и одговорно однесување како при посета на шумските предели, односно рекеративно излетничките места, така и при извршувањето на земјоделски работи. Исто така, се разговараше и со возачи на моторни возила кои се движат по патиштата во овој регион, со апел да се внимава и да не се фрла лесно запалив отпад, пред се отпушоци од цигари и слично. На граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“.