Денеска (25.09) полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола во Ресен реализираа превентивна активност, при што на средбите со граѓаните беше разговарано за заштита од кражби, измами, како и поголема заштита на имотот. На граѓаните, исто така, им беа поделени и летоци со корисни совети.
Во Крушево и Ресен пак полициски службеници реализираа превентивни активности и во делот на безбедноста на сообраќајот под мото: „Не користи мобилен кога возиш“, при што низ улиците во Крушево и Ресен, како и на локации на излезите кон излетничките места беше разговарано со возачите на моторни возила за опасноста од користење на мобилен телефон при управување на возилото, при што им беше и укажано на законската обврска и санкциите за таков вид на прекршок. На возачите, дополнително им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени со поддршка од РСБСП.