Полициски службеници од ПС за ГП и ГН Пелинце при РЦ за ГР Север денеска (19.09.2023) реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот во рамките на кампањата „Безбедно лето 2023", чии што цели, покрај потсетување за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, дополнително беше насочена кон безбедноста на пешаците, пред сѐ на децата и на велосипедистите. Притоа, во непосредна комуникација со ученици од Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Агино Село и Романовце, а под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ полициските службеници укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи особено запознавајќи ги децата со правилата суштински за нивната безбедност како пешаци и велосипедисти.
Исто така, дел од средбата беше посветен и на запознавање на децата со улогата и задачите на полицаецот-сообраќаец, со дел од неговите средства за работа, а воедно на децата им беа поделени печатени едукативни материјали изработени со поддршка од РСБСП. Покрај ова, полициските службеници искористувајќи ја можноста дел од средбата ја посветија и на едукација под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од пожари“ при што учениците беа запознат како и каде да се пријавуваат пожарите и на кој начин да се заштитат шумите од можните огнени стихии.