15 септември 2023

Превентивна активност на РЦГР Исток

Полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Деве Баир при Регионалниот центар за гранични работи Исток, вчера (14.09.), на подрачјето на општина Крива Паланка, реализираа превентивна активност посветена на проблематиката на криумчарење мигранти и илегално поминување на државната граница, како и околу превенцијата од пожари на отворен простор. Активностите кои што се одржаа на повеќе локации во Крива Паланка беа спроведени преку непосредни разговори и средби со граѓаните, во кои што беа вклучени и граѓаните од населените места Узем и Жидилово.

Притоа, на граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина, со посебен акцент од последиците од ваквите кривични дела и предвидените санкции согласно законите.