15 септември 2023

„Безбедно управување со возило“, превентивна активност на СВР Велес

Денеска (15.09.) од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес на повеќе локации во Кавадарци споведени се превентивни активности на тема „Безбедно управување со возило“ при што на возачите, како целна група, им беше укажувано за потребата од стриктно почитување на законските прописи за управување со возило, потоа задолжителното користење на заштитен појас за возачите и сопатниците, како и околу прилагодување на брзината спрема условите на патот како едни од најважните правила и превентивни мерки од случување на сообраќајни незгоди.

Исто така, беше спроведена и превентивна активност насочена кон возачите на јавен превоз на патници, на кои им беше укажано за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила при превоз на патници, особено учениците од и до училиште, потоа неопходноста од техничката исправност на возилата, како и поседувањето на соодветни лиценци за вршење на дејност. Истовремено на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.