Денеска (13.09.2023) Отсекот за превенција при СВР Куманово во Кумaново реализираше превентивна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Полициските службеници, во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на потребата од прописно паркирање на возилата, со цел ослободување на тротоарите и други пристапни места за пешаци, велосипедисти и службени возила, како и овозможување видливост и слободен проток на возила на сообраќајниците. На граѓаните им беа поделени и летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Исто така, на повеќе локации во централното градско подрачје беше реализирана и превентивна активност под мотото „Безбедно управување со мотоцикл“. При тоа, на возачите на мотоцикли од страна на полициски службеници им беше укажано за важноста од носење заштитна опрема, дека истата е многу значајна за нивната лична безбедност и дека во случај на пад од мотор значително ги намалува последиците и може да им го спаси животот, а исто така како учесници во сообраќајот укажано им е да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот согласно правилата и прописите. Во текот на спроведените активности и во овој дел беа поделени летоци со едукативна содржина со мотото „Носи кацига, биди безбеден“ изработени во соработка со Републичкиот совет безбедност на сообраќајот на патиштата.