Во рамките на планираните превентивни активности поврзани со почетокот на новата учебна година, а координирани од Отсекот за превенција на СВР Тетово, вчера (11.09.) раководството на Полициското одделение Галате имаше средба со одговорните во Средното општинско училиште „Неготино“ во Неготино, полошко. На средбата, претставниците на училиштето искажаа задоволство од успешниот старт на учебната година на безбедносен план и во тој контекст посебно ја нагласија потребата за редовно двонасочно информирање кога станува збор за вкупната безбедност во училиштето. Тие, исто така, побараа од претставниците на ПО Галате да продолжат со контролите во јавниот превоз на учениците и да преземаат ефикасни практични мерки против таканаречените „диви“ такси комбиња.
На средбата беше потенцирано дека полициското присуство и во наредниот период ќе биде засилено пред и по завршување на наставата, но и на големиот одмор и местата каде најчесто се собираат учениците.