12 септември 2023
Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (12.09.) на подрачјето на Кавадарци спроведоа превентивна активност под мотото „И јас и ти сме пешаци“. Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и почитувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во насока на намалување на сообраќајните незгоди.
Особено беше потенцирана важноста од давање предимство на пешаците, но и од потребата пешаците да ги почитуваат правилата. Воедно на граѓаните им беа делени и едукативни летоци со информативна содржина од оваа област.