Денеска (11.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, на магистралниот пат А-1, Градско-Прилеп, спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот под мотото „Стави појас при управување со возило“.
Притоа, во текот на овие активности, што инаку се во рамки на оперативниот превентивен план „Безбедно лето 2023“, на граѓаните, преку непосредна комуникација, им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи за управување со возило во поглед на задолжителното користење на заштитен појас на возачите и сопатниците. Полициските службеници укажуваа и за неопходноста од почитување на правилата во поглед на прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот, како едни од најважните правила и превентивни препораки за елиминирање на ризиците од сообраќајни незгоди.
На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.