Во функција на непречено и безбедно превезување на учениците до нивните училишта и назад, денеска (05.09.) во Гостивар се одржа средба на полициските службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово и сопствениците и одговорните лица на фирмите кои го вршат ученичкиот превоз. На средбата на присутните превозници им беше укажано задолжително да ја проверуваат техничката исправност на автобусите и комбињата со цел учениците навреме и безбедно да стигнуваат до училиште и дома.
Превозниците кои се избрани да ја извршуваат оваа обврска искажаа целосна подготвеност дека без исклучоци планираниот превоз ќе се одвива според договорената динамика.
Инаку, минатата недела ваква средба беше организирана и со тетовските превозници, на што му претходеа и состаноци со најодговорните за образование и јавни дејности во општина Тетово. До крајот на месецов предвидени се средби и со директорите на училиштата од Полошкиот регион.