Денеска (05.09.) a и во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Битола, (Битола, Ресен, Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, како и во полициските одделенија под надлежност на овој сектор за внатрешни работи) беа реализирани низа превентивни активности од областа на заштита на шумите и шумските предели од пожари.
За време на активностите, преку непосредна комуникација со граѓаните, им беше укажувано за неопходноста од внимателност, особено во поглед на фрлањето запалив отпад. На граѓаните им беа презентирани сите ризици што можат да доведат до шумски пожари и начините за превенирање од таквите појави. Исто така, беше нагласена важноста од благовремена комуникација со полицијата и другите надлежни институции. За време на активностите беа делени и летоци со информативна содржина изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Вчера, во Битола и Прилеп, во централните градски подрачја беа реализирани и активности во рамките на кампањата - „Слави со срце, не со оружје“ каде на граѓаните им беше презентирана законската регулатива која ја санкционира недозволената употреба на огнено оружје на прослави и свечености, како и за законските обврски при прекршување на Законот за оружје. Покрај ова, на локации околу градските пазари, парковите и околу центарот на Битола и Прилеп беше разговарано со повозрасната категорија на граѓани и со сопствениците на колонијали дуќани во насока за заштита од кражби и разбојништва, при што им беа поделени корисни совети и едукативни печатени материјали, додека пак во Крушево во делот на безбедноста во сообраќајот беше реализирана превентивна активност под мото „Вози одморен“.