05 септември 2023

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа, денеска (05.09.) заедно со полициски службеници од ПС ОН Чаир, на подрачјето на општина Бутел беше реализирана превентивна активности од областа на заштитата на од пожари. Притоа, во рамки на активностите што се одвиваа во координација со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција со жители од локалните места се разговараше и беше укажано на потребата од максимална внимателност за да не се предизвикаат пожари.

Исто така, во комуникација со возачите беше нагласувана потребата од избегнување на фрлање на запалив отпад, пред се отпушоци, покрај патот, како една од честите причини за пожари покрај патиштата. На граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина со цел подигнување на јавната свест за елиминирање на ризиците од пожари и зачувување на шумите и зелените површини.