30 август 2023

Превентивна активност на СВР Скопје

Денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Драчево на подрачјето на општина Студеничани, поточно во селата Студеничани и Батинци реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.

Притоа, во непосредна комуникација со жителите на овие места полициските службеници преку практични примери говореа и укажуваа за опасностите и законските последици од користењето на оружјето и пиротехничките средства при одржување на прослави, веселби и други настани. Граѓаните беа детално информирани за законските одредби што го регулираат незаконското употребување на оружјето и пиротехниката, регулирани со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир како и во Кривичниот закон на РСМ.