30 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска (30.08) полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Демир Хисар, Ресен, Македонски Брод, Крушево, Прилеп, како и од Полициските одделенија Новаци, Велушина и Ропотово при Секторот за внатрешни работи Битола реализираа низа превентивни активности на подрачјата на своите надлежности при што преку средби со граѓаните се говореше на темата околу заштитата на шумите и шумските појаси од пожари во летниот период.

Притоа полициските службеници укажуваа на најчестите причини и ризици за предизвикување пожари, но и за начините за нивно превенирање преку благовремена соработка со полицијата, и другите надлежни институции. Во насока на елиминирање на потенцијалните ризици од пожари на граѓаните им беа делени и печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Инаку, во текот на вчерашниот ден ОВР Прилеп и ОВР Ресен спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а под мотото „Стави појас“ и „Вози одморен“, додека пак полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ресен при СВР Битола во Старата чаршија и низ централното градско подрачје на Ресен спроведоа превентивни активности на тема „Полицијата и граѓаните заедно“. За време на активностите на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.