27 август 2023

Превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (27 август) полициски службеници од ПС за ГН Михајлово при РЦ за ГР Југ спроведоа превентивна активност на планината Кожув, каде се одржа настанот "Во срцето на Кожув“. Сите учесници на настанот, велосипедистите, учесниците во планинските тури, беа запознаени со мерките за заштита од пожари на отворен простор, а им беше укажано и за потребата од носење на заштитна опрема, пред се за сопствена заштита. На учесниците на различни локации им беше поделена и вода за освежување.