На 23.08.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Кичево во соработка со претставници од ЈП „Национални шуми – Лопушник“- Кичево на подрачје на Кичево на повеќе локации беа спроведени превентивни активности согласно оперативниот план „ Безбедно лето 2023“, при што беа остварени средби со граѓани и поделени едукативни материјали за подигање на свеста со цел заштита од пожари.
Во непосредна комуникација со граѓаните им беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, потоа за тоа каде и како да ги пријавуваат пожарите, односно за начините на превенција и заштита на шумите.