21 август 2023

„И јас и ти сме пешаци!“- превентивна активност на СВР Велес

Денеска (21.08.2023) во Велес, Отсекот за превенција при СВР Велес реализира превентивна активност во рамки на кампањата ,,Безбедно лето 2023'' која има за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот - пешаците и особено повозрасните лица. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот како пешаци и зголемена будност при преминување на улица, а низ непосредна комуникација им беа давани корисни совети. На возачите им беше сугерирано дека треба да им даваат предимство на пешаците односно целосно да ги почитуваат сообраќајните правила.