На 19.08.2023 во рамки на акциониот план за превентивни активности од страна на СВР Штип, Отсек за превенција во содејство со Шумска полиција беше спроведена превентивна активност под мотото „Шумите се наше најголемо богатство, да ги чуваме нашите шуми’’. Во непосредна комуникација со граѓаните на кои им беа поделени и печатени едукативни материјали им беше посочена потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд и за начините за превенција и заштита на шумите. Покрај ова, на граѓаните им беа дадени и совети за заштита од кражби во селата и населените места на планината Плачковица.
Исто така, денеска (21.08.), од 12.00 до 14.00 часот на улицa „Миро Барага“ во Пробиштип, од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ПС Пробиштип, беше спроведена превентивна активност под мотото „Стави појас“. Полициски службеници преку непосредна комуникација со возачите им укажуваа за задолжителната обврска за носење сигурносни појаси при возење и за возачите, но и за сопатниците како исклучително важна нормативна и безбедносна мерка.
Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини во насока на запознавање и подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот.