19 август 2023

Спроведена заедничка превентивна активност на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка со претставници од локалната власт и Советот на родители


Вчера, 18.08.2023 година (петок) во периодот од 22.00 до 24.00 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка во координација и соработка со претставници од Општина Крива Паланка, претставници од Советот на родители од основните и средното училиште, како и психолози, педагози и наставници направија обиколка и посетија пет угостителски објекти и места на подрачјето на Крива Паланка кои најчесто ги посетуваат младите во вечерните часови.

Активноста беше спроведена со цел да се промовира и зголеми соработката меѓу полицијата и граѓаните и заеднички да се подигне свеста кај родителите за потенцијалните ризици врз децата, како и да се постигне отворена дискусија во превенирање на малолетничкото престапништво.