Денеска (15.08.) полициски службеници при ОВР Свети Николе во централното градско подрачје на Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото „Паркирај совесно - паркирај одговорно“. Во рамките на кампањата во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа на важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за поголема општа сообраќајна безбедност пред се на пешаците, но и на другите учесници во сообраќајот. Исто така, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на возачите им беа поделени печатени летоци со информативни содржини околу правилното паркирање и со законските казниви одредби и препораки за почитување на прописите.