15 август 2023

„Слави со срце, не со оружје“, превентивна активност на СВР Куманово

  Денеска (15.08.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во oпштина Липково реализираа превентивно едукативна активност во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Под мотото „Слави со срце, не со оружје“ полициските службеници во непосреден контакт со жителите им укажуваа за сите опасности и последици што со себе ги носи користењето на оружје за време на прослави и веселби, како и за законските последици што се нормирани како санкции во Законот за оружје, потоа Законот за заштита на јавниот ред и мир, но и во Кривичниот закон на РСМ.