14 август 2023

„Вози одговорно“- превентивна активност на СВР Велес

 Секторот за внатрешни работи Велес преку Отсекот за превенција, денеска, на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, реализираше превентивни активност во рамките на кампањата „Безбедно лето 2023“ под мотото: „Вози одговорно“. Целта на активностите беше насочена кон потсетување на сите учесници во сообраќајот за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, внимателно управување со возилата, мотоциклите и велосипедите. Кампањата треба да влијае врз подигнување на јавната свест за зголемена безбедност во сообраќајот и унапредување на сообраќајната безбедносна култура кај сите учесници во сообраќајот Исто така, полициските службеници апелираа до возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и дисциплинирано да учествуваат во сообракајот, бидејќи сообраќајните незгоди кои се последица од непочитување на сообраќајните правила и прописи можат да бидат крајно сериозни.