Денеска (13.08.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово врз основа на планираните мерки и активностите на подрачјето на СВР Тетово, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, во соработка со претставници на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Шумска полиција, спроведоа превентивни активности. Имено, на автопатот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Гостивар, беа реализирани активности согласно превентивниот план за заштита на природата, односно шумите, како наше најголемо заедничко богатство.
Притоа на возачите им беше укажано на потребата од зголемено внимание за заштита на шумите од пожари, како и за законските импликации доколку се загрозува природата со несовесно однесување кое може да придонесе за предизвикување на општа опасност или, пак, предизвикување пожар, како и последиците по секое незаконско постапување, при што на возачите им беа поделени летоци со информативно-едукативни содржини.
На возачите им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети, затоа што на тој начин ја загадуваат природата, но исто така можат на овој начин можат да предизвикаат последици по шумскиот фонд за кои се потребни децении да се надоместат.