Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип денеска (08.08.), заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, на повеќе локации во градот, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ спроведоа превентивни активности под мотото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.
Во текот на активностите на граѓаните и на сопствениците на деловни објекти им беше укажувано за мерките за заштита од разбојништва и кражби, а воедно стана збор и за мерките за заштита од џепни кражби и дрски кражби, потоа за измамите кон кои особено подложни се постарите категории граѓани. Притоа беше потенцирано дека благовременото пријавување на ваквите деликти е од суштинска важност. Целта на активноста беше подигање на свеста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, подобра и поквалитетна комуникација и соработка со полицијата, а во интерес на заштита на сигурноста и имотот. На граѓаните, исто така, им беа поделени летоци со едукативна содржина.