06 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

 Вчера (05.08) во периодот од 22.00 часот па се до денеска до 02.00 часот на подрачјето на Прилеп беа спроведени превентивни активности, односно таканаречените „Соседски патроли“ или мешани патроли составени од полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со претставници на локалната самоуправа и локалните институции, потоа родители, претставници на педагошките служби од основните и средните училишта, кои што беа во обиколка и посета на угостителски објекти и јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови, односно простор кој се користи за забава на малолетници. Оваа активност се спроведува со цел да се зајакне соработката на полицијата во заедницата и пред се со цел родителите да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца, благовремено да се препознаат и отстранат таквите закани што често можат да доведат до сериозни последици, особеноо во контекст на зависностите и социо-девијатното поведение Исто така, беа презентирани и законските овластувања кои полициските службеници ги применуваат при превземање на службени дејствија преку доследна примена на законските норми и прописи. Во текот на вчерашниот ден, исто така, полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Полициската станица од општа надлежност Битола, сите во составот на СВР Битола, реализираа на своите подрачја на надлежност превентивни активности околу заштитата на шумите од пожари, при што во разговорите со месното население беа презентирани опасностите кои произлегуваат од несовесно и невнимателно однесување во шумсите или на отворен простор во актуелните климатски непогодности. Во делот, пак, на безбедноста во сообраќајот ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа превентивни активности под мото – „Вози одморен“ и „Стави појас“ а воедно беа делени летоци со едукативна содржина, изработени со поддршка на РСБСП.