03 август 2023

Превентивна активност на РЦГР Север

 Во текот на вчерашниот ден (02.08.) полициски службеници за превенција при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ во содејство со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка, исто така при РЦ за ГР „Север“, реализираа превентивни активности во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ во кои беа опфатени селата Кучково и Орман на падините на Скопска Црна Гора. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, посетители на овие подрачја, како и со месното население, полициските службеници преку практични искуства сугерираа за максимална внимателност и одговорност при движење во шумскиот појас или на отворени зелени површини, особено сега кога актуелните временски прилики со екстремно високи температури и високи УВ зрачења претставуваат сериозни ризици како по здравјето на луѓето така и за шумскиот и природен фонд од релната закана од можни пожари. Во текот на активностите на граѓаните им беа делени и едукативни летоци за заштита од временските неприлики.