01 август 2023

Превентивни активности на СВР Битола

 

Полициски службеници од СВР Битола, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола, во насока на натамошно интензивирање на соработката на полицијата и локалната заедница, особено во поглед на имотните деликти, денеска (01.08.) реализираа превентивни активности за едукација на граѓаните за благовремено превенирање од овие видови кривични деликти, со посебен акцент на појавата на измами во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице. Преку непосредни контакти полициските службеници апелираа до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните податоци (личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации) со цел да не се дозволи да бидат жртва на ваквиот вид измами. Исто така им беше укажано дека од клучна важност е навременото пријавување на таквите случаи или индиции во полиција. Покрај ова, во рамките на превентивната активност со граѓаните, сопственици и вработени во продавници, и во други услужни објекти, потоа со пазарџиите, како и со постарите категории граѓани пред се пензионерите, беше разговарано околу низа важни практични информации за превенција од дрски кражби, разбојништва и кражби. Напоредно со ова и Одделенијата за внатрешни работи Демир Хисар, Ресен , Прилеп, Македонски Брод и Крушево како и криминалистичката полиција при СВР Битола реализираа превентивна активност во рамки на превентивните проекти „Лето без пожари“ и „Слави со срце, не со оружје“, а се со цел постигнување повисок степен на внимателност и лична одговорност кај граѓаните во превенирањето на овие појави. Полициски службеници од ОВР Крушево, пак, во делот на безбедноста на сообраќајот реализира превентивна активност на тема – „Вози одговорно, стави појас“, при што на возачите им беа делени и летоци со едукативна содржина.