Во насока на натамошно интензивирање на полицијата и локалната заедница, особено во поглед на кривичните дела од областа на имотните деликти, пред сѐ појавата на сѐ позачестените измами во врска со подигнување на брзи кредити во име на трето лице, Отсекот за превенција при СВР Велес денеска (25.07.) реализираше превентивни активност за едукација на граѓаните, но и на вработените во финансиските друштва за благовремено превенирање од овие видови кривични деликти.
Преку непосредни контакти со граѓаните полициски службеници апелираа до граѓаните да бидат исклучително внимателни со кого ги споделуваат или каде ги изложуваат на увид личните податоци (личните карти, патните исправи, трансакциски сметки или здравствени легитимации) со цел да не се дозволи да бидат жртва на измами од овој вид. На вработените во филијалите за брзи кредити им беше укажувано да внимаваат при прегледот на личните документи при подигање на пари од странки од нивните филијали, а сите сомнителни случаи на злоупотреба на лични податоци и документи навремено да ги пријавуваат во полиција.
Инаку, денеска и на подрачјето на ПС Кавадарци, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност поврзана со кампањата „Безбедно лето 2023“ која имаше за цел укажување на клучните фактори за безбедноста на најранливата категорија на учесници во сообраќајот- пешаците и повозрасните лица-пензионерите. На граѓаните им беа поделени печатени материјали, изработени со поддршка од РСБСП со препораки за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци и почитување сообраќајните правила и прописи.