Отсекот за превенција на СВР Тетово неделава оствари серија средби со сопственици или одговорни лица на угостителски објекти во Тетово, во рамки на кои посебно им беше укажано да водат сметка за јавниот ред и мир, во и околу објектите и пред се да водат сметка и да пријават пукање од огнено оружје за време на свадбени или други семејни свечености. Покрај тоа, на средбите, угостителите биле запознени и со законските мерки за неовластено приредување на огномети или користење разновидна пиротехника на вакви свечености.
Средбите ќе продолжат и во другите објекти (салони за свадби, ресторани и слично), при што се планира да бидат опфатени над педесетина објекти во Тетово, Гостивар и во повеќе села, каде најчесто се организираат свадбените свечености кои се во полн ек. Целта е угостителите непосредно да се информираат за нивните обврски како организатори на свеченостите и за последиците по јавниот ред и мир од незаконско пукање или приредување на огномети.