Денеска (15.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во соодејство со полициски службеници од ПС за БПС Штип, на маг.пат Штип-Скопје кај наплатната станица „Кадрифаково“, и во централното градско подрачје во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото „Вози одморен и Стави Појас“.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнуваа на наплатната станица „Кадрифаково“, им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од паузи на подолги дестинации, консумирање на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите име беа поделени шишиња со вода за освежување.