11 јули 2023

СВР Битола со превентивни активности посветени на имотните деликти и шумските пожари

Денеска (11.07.2023) полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола во централното градско подрачје на Битола спроведоа превентивни активности во рамки на проектите „Бизнисот и безбедноста“, „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните и сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби. Покрај едукативно – информативниот карактер, целта на активноста е заштита и спречување, односно намалување на бројот на кривични дела од областа на имотните деликти. Воедно, на граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали.

Исто така, на подрачјето на Македонски Брод и населените места с.Граешница, с.Слатина и с.Девич полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод под мотото „Лето без пожари“ спроведоа превентивна активност посветена на превенција од шумски пожари во летниот период. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали, а во непосредна комуникација од полициските службеници беа запознаени со неопходноста од заштита на шумите, како заедничка одговорност на сите, како и на законски предвидените санкции од предизвикување на шумските пожари, како и потенцијалните штети по шумскиот фонд и животната средина.