На 08.07.2023 на подрачјето на Валандово полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово спроведоа превентивни активности во рамките на кампањата „Летувај, не летај“.
Полициските службеници во непосреден разговор со граѓаните и преку делење на едукативни летоци ги запознаваа жителите на подрачјето на Валандово за нивната законска обврска за почитување на сообраќајни правила и прописи, како и за казнените одредби кои следуваат за нивно непочитување.