08 јули 2023

„Заштита на шумите од пожари и незаконско сечење на дрва“ - превентивна активност на Отсекот за превенција при СВР Штип


Денеска (08.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во селата Таринци, Карбинци, Аргулица, Калузлија, Јонузлија, Кучица и место викано „Вртешка“ реализираа превентивна активност во рамките на кампањата „Заштита на шумите од пожари и незаконско сечење на дрва“.

Во текот на спроведената активност граѓаните беа информирани за законските прописи по однос на бесправното сечење на шуми, штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, најчести во летниот период. Исто така, за време на превентивната активност, при непосредни средби, на жителите им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини.