06 јули 2023

Во Охрид реализирани активности во рамки на проектите ,,Внимателна заедница“ и ,,Бизнисот и заедницата“

На 06.07.2023 во времето од 11.30 до 13.00 часот од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид во централно градско подрачје во Охрид, во рамки на ,,Безбедно лето 2023“ спроведена е превентивна активност во рамки на проектите ,,Внимателна заедница“ и ,,Бизнисот и заедницата“.

Во текот на активностите на сопствениците на деловни објекти им беше укажано на мерките за заштита и самозаштита од разбојништва и кражби, начините на препознавање и потребата од навремено пријавување.
Целта на активноста е подигање на свесноста кај сите граѓани за создавање на побезбедна и сигурна заедница, како и заштита на животот и имотот. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина.