Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи - Крива Паланка на (04.07.2023) одржаа работен состанок со угостителите на подрачјето на Крива Паланка, во интерес на поквалитетна комуникација и соработката со полицијата а со цел целосно почитување на законските одредби поврзани со работата на угостителските објекти и одржувањето на јавниот ред и мир.
Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од навремено информирање кога има настан поврзан со нарушување на јавниот ред и мир со цел нивно навремено реагирање и спречување на евентуалните нарушувања.
Во рамки на кампањата „Безбедно лето“, СВР Куманово ќе реализира и други превентивни мерки и активности за поголема заштита на граѓаните од кражби и други кривични дела.