05 јули 2023

Реализирани бројни превентивни активности во Крушево и Македонски Брод, во рамки на кампањата на СВР Битола- ,, Безбедно лето“

 

Денеска, (05.07.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево при СВР Битола одржаа работен состанок со угостителите и другите хотелско-туристички работници на подрачјето на Крушево.

Состанокот беше реализиран со цел јакнење на комуникацијата и соработката, целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на овие лица, потоа околу придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, и целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителската дејност, потенцирајќи ја потребата од навремено информирање за настани поврзани со нарушување на јавниот ред и мир.

Денеска, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод ,во централното градско подрачје на Македонски Брод и патните правци на излезите од градот спроведоа превентивна активност во делот на безбедноста во сообраќајот на темаНамали ја брзината-ти си одговоренкаде на возачите на моторни возила им се укажа за потребата за  почитување на сообраќајните правила и прописи со цел безбеден сообраќај за сите граѓани.

Покрај ова и криминалистичката полиција при СВР Битола во континуитет продолжува со спроведување на превентивни активности во рамките на заштита на граѓаните од имотни деликти, преку посета на жтрви на кривични дела каде им се споделуваат совети за заштита на личен имот.  Инаку, во рамките на кампањата Безбедно лето, СВР Битола ќе реализира и други превентивни мерки и активности за поголема заштита на граѓаните од кражби и други кривични дела.