Согласно годишниот план на при Министерството за внатрешни работи за 2023 година, денеска (04.07.2023), во периодот од 09.00 до 15.00 часот, во просториите на Занаетчиски дом Куманово беше спроведена редовна крводарителска акција на вработените во Секторот за внатрешни работи Куманово.
Оваа крводарителска акција е втора по ред годинава, при што беа собрани 38 крвни единици, а предвидени се уште две до крајот на 2023.