30 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Скопје за поголема безбедност во сообраќајот

Денеска (30.06.) Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на булеварот „Партизански одреди“, реализираше превентивни активности од областа на сообраќајот, во кои што фокус групи беа првенствено пешаците, но и велосипедистите. Притоа, во рамки на оваа кампања под мотото – „Безбедност на пешаците“, на граѓаните -пешаци им се укажуваше за неопходноста од почитување на сообраќајните правила за движење по тротоари и пешачки премини, а воедно се делеа и едукативни печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП со информативни содржини за безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.

Целта на кампањата е подигнување на сообраќајната култура кај граѓаните, примарно во интерес на нивната лична безбедност.