Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип денеска (28.06.2023) реализираа превентивно-едукативни активности од областа на сообраќајот под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Полициските службеници на повеќе локации во и околу Свети Николе преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, односно возачите, укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици кои ги предизвикува таквото однесување.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста и совесноста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.