Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (27.06.2023) на улицата „Филип Втори“ во близина на Градскиот трговски центар беше реализирана превентивна едукативна активност под мотото „Безбедност на пешаците – и ти си пешак“. Притоа, полициските службеници и на возачите, но и на пешаците им укажуваа за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи особено важни од аспект на пешаците. Исто така, на граѓаните им беа поделени летоци со превентивно-едукативна содржина, а изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Целта на активноста беше фокусирана кон подигнување на свеста кај граѓаните околу важноста на сообраќајната
безбедност и поголемата сообраќјна култура.