Вчера (21.06.) во Секторот за внатрешни работи Охрид се одржа работен состанок на претставници од СВР Охрид со претставници на инспекциските служби (ДПИ, ИЗЖС) како и претставници на охридските угостители, во насока на превентивно делување и меѓусебна соработка, а во интерес на осигурување на поквалитетна и безбедна туристичка сезона.
На работната средба полициските службеници укажаа за потребата од обезбедување на квалитетни редарски служби во угостителските објекти, но и на стриктно почитување на одредбите за определено работното време, за присуство на малолетни лица во угостителските објекти , неточење на алкохол на малолетни лица, како и за важноста од навремено пријавување на какво било нарушување на јавниот ред и мир .