22 јуни 2023

Превентивни активности на СВР Битола


Во текот на вчерашниот ден (21.06.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, во село Кукуречани, битолско, реализираа превентивна активност со жителите на ова село, а насочена кон безбедноста во сообраќајот, особено од аспект на користење на земјоделска механизација и приклучни возила.
Целта на превентивната активност беше едукација и подигање на свеста кај возачите на трактори и други мобилни машини со цел нивно одговорно учество во сообраќајот, како и едукација за потребата за управување на технички исправно возило. На жителите на Кукуречани им беа презентирани и законската обврски за соодветно и прописно обележување на овој вид возила, за осветлувањето...
Исто така, вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола-ПО Новаци на подрачјето на општина Новаци, како и околните села и излетничките места, беше спроведена превентивна активност под мотото – „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, пред се оние од повозрасните старосни групи, полициските службеници укажуваа за неопходноста од внимателност каде и како се движат по планински предели, при собирање на плодови, при што беше нагласена потребата од носење мобилен телефон. Исто така, полициските службеници делејќи им на граѓаните печатени едукативни летоци ги запознаваа граѓаните со начините за заштита од кражби.
Покрај ова, вчера и полициски службеници од ОВР Македонски Брод на подрачјето на Македонски Брод во делот на безбедноста во сообраќајот спроведоа превентивна активност со возачите на моторни возила под мото „Намали ја брзината, ти си одговорен“ за што на возачите им беа делени и летоци изработени со поддршка од РСБСП со едукативен содржина.