21 јуни 2023

„Безбедно управување со мотоцикл“, превентивна активност на СВР Куманово


Денеска (21.06.) од страна на Oтсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, на подрачјето на Куманово беше реализирана превентивна сообраќајна активност на тема „Безбедно управување со мотоцикл“.
Целта на оваа превентивна активност беше насочена кон зајакнување на сообраќајната дисциплина и подигнување на свеста кај возачите на мотоцикли, а во врска со задолжителното користење на заштитен шлем за време на управувањето со мотоцикл. Исто така, на возачите им беа делени и едукативни печатени материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со информативни содржини околу сообраќајните правила и прописи, пред се во врска со безбедносната одредба за користењето на заштитниот шлем, како и околу последиците и санкциите од непочитувањето на таа норма.