На 17.06.2023 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип во содејство со Шумската полиција и претставник на Шумското стопанство-Штип, а во рамките на акциониот план за превентивни активности, во селата Три Чешми, Долни и Горни Балван, Врсаково, Чардаклија, Трогерци, Сарчиево и Крупиште ,реализираа превентивни активности во рамките на кампањата „Шумите се нашето најголемо богатство,да ги чуваме нашите шуми“.
Граѓаните беа информирани за законските норми по однос на бесправното сечење на шуми, штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, пред се во летниот период. На жителите им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.