17 јуни 2023

Превентивна активност на РЦГР Југ

Денеска (17.06.2023) од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Стар Дојран и ПС за ГП и ГН Богородица, на граничните премини Стар Дојран и Богородица и во населените места кои гравитираат кон овие два гранични премини, беше реализирана превентивна активност на тема: "Превенирање и спречување на прекуграничен криминал и илегална миграција". На граѓаните на влез и излез на граничните премини и во населените места им беа делени летоци отпечатени на македонски и на грчки јазик, а и во непосредна комуникација граѓаните беа информирани како да се превенираат ваквите појави.