15 јуни 2023

Превентивна активност СВР Скопје

Вчера (14.06.) Одделението за превенција при СВР Скопје започна со реализација на превентивен проект „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“. Во текот на вчерашниот ден на подрачје на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Центар и инспектори од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар, на неколку локации, односно на поголемите паркинг простори поделија едукативни материјали и разговараа со граѓаните, на кои им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите, кои потоа можат да бидат мета на крадците.

Превентивната активност има за цел да ја подобри општата безбедност, односно да се превенираат кражби од автомобилите.