09 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Куманово за безбедност на децата во сообраќајот


Денеска (09.06.) полициски службеници од СВР Куманово во основните општински училишта „Наим Фрашери“ и „Бајрам Шабани“ во Куманово, за учениците од прво одделение реализираа едукативно предавање од областа на сообраќајот.
Во рамките на предавањето полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, за важноста од нивно почитување, потоа за тоа како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно како пешаци, но и кога возат велосипед или тротинет. Исто така, на децата им беа појаснети значењето и важноста на хоризонталната и светлосната сигнализација, како и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец.